свадба (имн.) - во (предл.)

А не е мала работа да фати човек две свадби во сабота. Сигурен му е лебецот за до другата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Опа! - одврати Томо - Тоа му доаѓа како свадба во сребрена свадба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Приказната не ја пишувам за да разжестам некого, но со признанието на еден Поко, кој, не знаејќи дека гледа една моја снимена лента со материјал од свадба во 80 и некоја година, а во присуство на еден Цанко и еден Роланд изјавил: „Еј, јас сум ’намбер 1’ во монтажно снимање, ама овој е подобар и од мене!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тезга за приказни Сѐ си мислам дека некој од Влада ќе прочита некоја моја приказна и, онака, меѓу редови, ќе разбере колку сакам да изнудувам аплауз на отворена сцена, макар качена на бина каде што свират музичари за свадби во кафеана во елитното Дебар маало.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И не ти треба диплома за бизнис менаџер за да си направиш план за инвестицијата, плус-минус бројот на свадби во годината, еднакво на профит.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па така, неодамна, една моја пријателка, тргната на свадба во договорот со мајка ѝ, во неврзан муабет одеднаш станала сведок дека на времето кога самата била невеста, при прегледување на материјалот снимен на „ВХС“ лента, мајката си забележала во тефтер кој со што дошол на свадбата и колкумина биле присутни, демек колку порции изеле на неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште една свадба Сте биле ли на свадба во Лисиче, по каналот па уџум?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се враќа дома од крвава свадба во Скопје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Име без чиј кларинет тешко можеше да се одржи свадба во Преспа и селата долж реката Белица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чувме една пушка, а потоа еден тапан, чука ли чука.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си помисливме – веројатно има некоја свадба во селото, но наднаш потоа експлодира бомба и пушки почнаа да пукаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)