свадба (имн.) - да (сврз.)

По малку време се приготвиле свадба да прават за Босилка, чунки одамна била свршена.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Белки ќе те израдуа, сполај му, со некоа рожба и ти во векот да се замешаш, и деца да одгледаш, и свадби да направиш, и внучиња да подржиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наскоро договоривме ерусин 15. Според обичајот, татко ѝ на Алегра реши помеѓу веридбата и свадбата да протече година дена, иако таа традиција веќе се напушташе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сполај ти ногу и да сте живи, вековити, да се ќердосате, господ некој к'смет да ви даде, и од ваше срце да си исчекате и кршчење, и свадби да направите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жена му се спротивстави: „Ти знаеш - му рече - што што претрпе ќерка ти со еднаш одложена веридба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На една свадба, не знам на чија свадба беше, очи ми не се сеќавам, којзнае како ми дојде, како ми избега од уста да речам: - Е што сакам, на секоја свадба да бидам невеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)