свест (имн.) - во (предл.)

Патријархалецот-фашист не копнее по никаква среќа на нацијата, туку за спојување на сопствената расцепена свест во едно насилно единство на националната свест - што секогаш е најлоша форма на општествена тортура, туртура на лажната национална целина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Необразованоста и незнаењето ја задржааа овдешната нејака свест во состојба на шовинизам и расизам во поблага, посилна, скриена или недвосмислена варијанта.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Рок музиката во овој контекст може да се сфати како синтетичка естетска форма на нови искуства, бидејќи ѝ претходи психоделична промена на свеста во која личноста привремено ја напушта конвенционалната свест и патува во себе, низ просторите на несвесното.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мора за сето време да знае дека таа е тука, но не смее, сѐ додека не стане потребно, никогаш да ја пушти да му се појави во свеста во која било форма на која би можело да ѝ се даде име.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше сеќавање што веројатно намерно го туркал од свеста во текот на многу години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Делумно, тоа беше химна на мудроста и на величината на Големиот Брат, но уште повеќе беше чин на автохипноза, на свесно давење на свеста во ритмичниот звук.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми требаше да се ослободам од обрачите на свеста во тоа мало градче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Негова цел е да се покаже местото на свеста во нашата општа замисла за светот и остатокот од нашиот ментален живот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Бидејќи смета дека свеста е централен ментален феномен, тој сака да отпочне едно сериозно испитување на свеста во нејзините рамки, и се обидува да ја докрајчи теоријата дека умот е некаков компјутерски програм давајќи предлози за преобразување на нашето проучување на менталните феномени на начин кој би ја оправдал надежта за повторно откривање на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Серл тука се обидува да даде одговор на следните круцијални прашања: Како ние ја лоцираме свеста во врска со нашиот научен светоглед?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Идеалистот Винсент повеќе сака да го уништи целокупниот свет - стрелајќи во себе, тој ја поништува сопствената свест во која се содржи севкупниот универзум, „убивајќи го“...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Само да дише и да има малку свест во главата, нека си лежи. Тоа ќе биде доволно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рана е тоа, жестока и парлива рана и тој ја копкаше, зашто сакаше да страда и да ја помати свеста во болката на страдањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, далеку од простото отфрлање на општествените и естетски вредности на западната култура, деструкциската уметност ги разоткрива нејзините структурни принципи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но уметноста којашто еднаш рефлектирала и пасивно претставувала апстрактни конвенции и примероци на знаење, сега активно и дословно претставува отелотворување на психичките рани, урбаната лудница и милитаризираната свест во кризата на јадрото на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во една неодамнешна студија за развојната улога што ја одиграле старогрчките математичари со цел да се постигне „предност во војна“, John Onians го разгледува вградувањето на милитаризираната свест во Западната културна продукција.9
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Западните општества и нивните највлијателни естетски производи продол­жуваат да го развиваат епистемолошкиот етос на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој доста скратен приказ на модерното прекодирање на букви во броеви заедно со неговите последици и прекодирањето на процесуалната, историската и просветителската свест во една формална, калкулативна и аналитичка свест, секако ни од далеку не е доволен за да можеме навистина да ги сфатиме денешните алтернативни светови, настанати во компјутерите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со првиот зрак на свеста во расонетите очи, ќе му ја удри од глава да му ја расцепи (не краставицата, туку главата) и нема да се смири додека не му врати барем со иста мера, како да се на јадец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Скратениот приказ на модерното прекодирање на букви во бројки и на процесуалната, историска и расветлувачка свест во формална, калкулативна и аналитичка, се разбира дека не е доволен за да се разберат денешните алтернативни светови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И во татковата свест во тие мигови не престануваа да маршираат милиони луѓе, носени од сонот да заминат кон новите брегови на спасот, кога агонијата на фашизмот силно притискаше, се закануваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)