свет (имн.) - живее (гл.)

Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дедо ми се насмеа, за малку лулето не му падна од уста. - Ти, детуле, си сонувало.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Во овој град жените ги тепаат. Во каков свет живееме!?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Колку светови живеат во тебе недопрени?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И наеднаш ми дојде да заплачам од радост: ми се стори дека на светот живеат само добри луѓе, а зли се само крокодилите и лавовите што јадат туѓи сенки. Не заплакав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Сѐ си оди и сѐ се врти точно како швајцарски часовник, па така светов живее, расте, се обновува, се обединува.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Додека стариот Елисон правеше грниња меѓу стадото овци, и додека Киова Индијанецот ја минуваше пладневната починка на крајот на кујната, под жешкото сонце, Сем лежеше на креветчето, размислувајќи за тоа во колку среќен свет живее и колку им е наклонет животот на оние чијашто мисија во животот е да забавуваат и да поттикнуваат задоволство.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)