свет (имн.) - јас (зам.)

Ниту еден извор одовде не истечува па сепак кренав наоколу ограда и ја затворив со врата Ги израмнив зад себе сите траги да не изгазат по нив птиците патеки за големи јата (О каков градител ќе бев ако не се зафатев со зборот) А можеби ова беспаќе што од светот јас го оградив ќе поттикне кај некого желба да открива нови патишта Сега седам скрснозе и знам оти сонот завршува наеднаш На преслапот некој друг ќе втаса и ќе мисли исто како јас оти ова напуштено лозје сал на него со години чека.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)