свет (имн.) - надвор (прил.)

Се доближив до стаклото. Светот надвор имаше жолто-модра боја, како мртовец легнат под црница, нешто дамнешно, мртво, а присутно. Не изгледа дека е стварно, а стварно е. Што е стварно?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се срушија сите бајки за светот надвор од мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јасно дека ова гледање е прилично наивно и значи одредена гетоизација на мејл- уметниците, сведувајќи ги на ниво на фанови на филмски ѕвезди или собирачи на сликички, доколку се инсистира на („демократската“) арбитрарност внатре мрежата, притоа исклучувајќи го светот надвор, на големите галерии, кустоси, уметничките списанија итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Не,“ реков. „Откако дојдов овде, како да нема ништо надвор од овие ѕидови.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Често,“ повторив. „Мислиш ли и ти…?“ „На што?“ „На светот надвор од овде…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тие денови светот на Милан беше ограничен од планините што ја обрабуваа рамнината, и тој ништо не знаеше или се сомневаше дека постојат други различни светови надвор од тие планини.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)