свет (имн.) - сѐ (прил.)

Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Друг важен фактор е и објективноста. Во денешниот свет сѐ поголемо значење добиваат јавните медиуми, особено телевизијата, како главни обликувачи на јавното мислење.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
25. ГРЕОТА Е ДА ЛАЖЕШ, СРАМОТА Е ДА СЕ ЛАЖЕШ - таков грешник и бесрамник бидува артистот кога ќе игра ролја на некој гасподин важен кому што на овој свет сѐ му е и јасно и чисто...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)