свет (имн.) - или (сврз.)

Понатаму во разјаснувањето на терминот имагологија кој потекнува од терминот имиџ-слика, теоретичарите за сликата на светот зборуваат како за еквивалент на филозофската синтагма - поглед на свет или светоглед, претстава, приказ, визија, проекција и слично.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во сите корисни вештини светот или стои во место, или назадува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се губи во еден необично возбудлив свет и во него е готов на секакви лудории, да го минира светот или просто да убие некого.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, бидејќи, главно, не ни се појавуваат како изреки, туку како перцепции за светот или како чувства однатре или како длабоко лични и оригинални пронигби, тие и понатаму кај многу луѓе обезбедуваат извесна приврзаност на интуитивно рамниште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто на коментатори на културата како Камил Палија и Харви Менсфилд, кои мешетарат со такви предрасуди или ги мобилизираат за да им дадат на своите ставови божемна убедлива разумност, секогаш им успева да си најдат восприемлива публика – публика која е и тоа како готова да си ги фрли во вода наводно „политички коректните“ уверувања (кои, како прво, очигледно не ги ни пригрнала многу ревносно и искрено) во корист на нешто што лесно, но делотворно, се протнува како чиста природна стварност и како очигледен здрав разум. ‌Ова само покажува колку од она што го сметаме за стварност е, всушност, општествено конституирано без да престане да ни изгледа стварно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистина е, кога ќе се изнесат смело во вид на изреки, како што направив баш сега, нема таков што при здрав разум би ги одобрил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мажите дејствуваат, жените настапуваат. ‌Убаво е, вистина, да се отфрлат ваквите невкусни поимања како идиотски, како обични бизарни општествени предрасуди – надминати, старовремски, ветви, карикатурални.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакаше и други работи да му кажува на дедо Костадин за себе и за Димостена, а и за тоа дека не знае што да прави откако ќе го положат во црната земја, да ѝ јавува ли на баба Петра дека овој пат нема да дојде при неа тој како што правел секогаш кога скитнувал по светот или таа веќе знае што се има случено тука?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)