светлинка (имн.) - во (предл.)

Всушност, едната клепка ѝ беше сѐ уште подотворена и од белката ѝ излегуваше една студена светлинка во која се гледаше сиот грешен свет со кој беше се сретнала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во далечината, којзнае каде, се гледаше светлинка во некоја си стражарница, која изгледаше како да стои на крајот на светот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам дали од некоја светлинка во виното, Левтерија ми стои зацрвенета во лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чудно, овие три сестри, две од нив близначки, никој не би рекол дека се сестри ако заклучува по надворешниот изглед, дури ни за близначките, ама ако малку подобро ги загледаш ќе откриеш една светлинка во нивните очи, еден проблесок што ги врзува толку силно и од нив трите излегува едно стебло!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)