светлост (имн.) - во (предл.)

Упатен кон смртта, јас немав очи да ја видам светлоста во твоите овлажнети зеници, отворени прозорци кон мене, само кон мене!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во споредба со она што го доживував, соништата ќе беа само матна лелеавост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Здраве, господарке, - се спушти на коленици и гардистот со црвени очи. – Здрав и пркосен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Светлоста во одајата се менеше од час во час.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Патот ви е чекорење слепо, вечно ќе сте во подземна крепост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неговиот глас им беше светлост во вечниот мрак, сончев изгрев. Утро и ден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Значи –измама. Променливата светлост во одајата се изгуби.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во очите му пливале грутчиња засирена крв, румени раски од кои и солзите се крвави и од кои невидено се разлава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Помоли ѝ се, батенце, на проказата дедовска, рекол грчав и без светлост во разумот. - Не си ти игумен меѓу дивјаци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црквата, иако со безброј свеќи по шанданите и со гроздови сијалици спуштени од кубето надолу со блескотна светлост во нив, како да беше обвиена со самрак, веројатно поради чадот од свеќите и темјанот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)