свеќа (имн.) - и (сврз.)

Поднаѕрува во другата соба: горат свеќи и мајка му тихо липа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Запаливме свеќи и коњот го испуштив И не знаеш каква радост му ја осветли душата Зашто никогаш толку убаво не светкала тревата - Како вчера по луњата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На сон Севда се најде в црква. На патеката меѓу гробовите по која жените се враќаа од црква со запалени свеќи и се раштркуваа меѓу гробиштата секоја одејќи на гробот на својот близок да му запалат свеќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Руса, пак, цела една седмина потоа, и дење и ноќе седеш тука, го китеше каменот со цвеќиња, палеше свеќи и го тажеше Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Филозофот ја држеше свеќата и гледаше во чудниот, ситен краснопис на отец Мида.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со стегнато срце и со мислата вратена кон тоа крваво време и кон овие момчиња и моми кои заборавени почиваат зад оваа `рѓосана бодликава жица, што е како единствено споменично обележје, еден по еден, низ оградата нежно ги спуштаме свежите каранфили, а потоа ја раскопуваме земјата, ја собираме купче и во него набодуваме свеќи и, клечејќи, ги запалуваме... да има малку светлина за душите на тие кои се фрлени во бездната на заборавот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Без свеќа и без крст и име врежано во камен, а имињата најмногу им се живи во споменот и болката на роднините и запишани се во тефтерите кои на архивските полици ката ден ги гризе прашина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И земјата, и небото и тревата околу тие дрвја, дури и карпите изгризани од животот, како низ танка магла да се наѕирале илјадници пламенчиња на свеќи и на факели, зрачела ноќе млечна светлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тие дрвја се одбивале секирите на дрварите и се кршело железото, од плитко засечената кора се цедел сок по густина и бледомедена боја сличен на коскена срцевина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се беа свршиле свеќите и целата затворска зграда тонеше во темнина. Глигор молчеше, но не спиеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги затвори прозорците на работилницата да не знае што време е надвор, која е доба, и работеше на свеќи и газјени ламби.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И пак работеше: вршеше, вееше, ронеше пченка, колеше свиња и на децата им ја бацуваше чурилката, за да не се мочаат в постела. Ја варосуваше куќата, одеше в црква, ветуваше масло и свеќи и се крстеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште само по некоја женичка ќе му донесеше запалена свеќа и ќе се прекрстеше со сува рака пред неговиот навреден лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За миг се сети на денот на своето полнолетство, на дувањето на свеќите и првата желба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја отворам и барам меѓу моите инструменти; младичот, сепак, ја подава раката, посегајќи кон мене за да ме потсети на моето ветување; ја дофаќам пинцетата, ја посматрам на светлината од свеќата и повторно ја враќам на нејзиното место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Веднаш ќе се вратам назад“, помислувам, небаре коњите ме повикуваат да тргнеме, но сепак ѝ дозволувам на сестрата, која мисли дека сум зашеметен од топлината, да ми ја слече бундата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тогаш мајка му запали едно парче свеќа и седнаа на подот да играат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доста ќе си го изгледа; Митра ќе си остане со палењето на свеќата и така ќе се сврши таа работа без греј, ни нејзе, ни мене.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Петко разбра од пазарџиите дека си дошле во Прилеп и дека си кинисале, од други разбра дека се вратиле во Дуње; од трети дека ја поминале Црна, а последните му рекоа дека се вратиле од манастирот да запалат по една свеќа и веќе се зададоа здола Сидорка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка, во тие години, на возраста на која веќе можеше да добие виза за да патува во Албанија, дојде на брегот крај манастирот за да запали свеќа и да се подготви за враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Низ вратата и прозорците од црквата избуваше чад од свеќите и темјанот и миризбата се ширеше низ целиот манастир како да слегуваше од небото, од бога.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вечерта кога заврши, богослужбата, сите луѓе со запалени свеќи и кандила и масалчиња, тргнаа за дома носејќи го светлото од манастирот како благослов да им свети дома.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие што не воскреснуваат гледаат под прозорците како одминува историјата И како догорува уште од пред три века некоја запалена свеќа И како расцутува сѐ со горчините на вјеки веков.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
„Му дадов пари да запали свеќа и за наше здравје“, го потсетувам одоколу.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Две патерици на бетонскиот под... Многу свеќи и многу шепоти. Воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
На него секој ќе запалеше свеќа и ќе се прекрстеше, а потоа се поминуваше сред црквата кои другите два дрвени свеќници донесени од старата црква и поставени пред иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Откако луѓето се собраа, запалија свеќи и му се помолија на Бога секој за себе, Петре Питропот дојде на пцалтирницата и оттаму го прочита Апостолот за Свети Никола и со тоа службата заврши.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Најпосле навалицата ги протуркува низ вратата, раката на мајка ѝ го пушта нејзиното раче оти треба да се отклони малце и ене ја купува еден заграб свеќи и успева да се добере до нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Црквата, иако со безброј свеќи по шанданите и со гроздови сијалици спуштени од кубето надолу со блескотна светлост во нив, како да беше обвиена со самрак, веројатно поради чадот од свеќите и темјанот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)