својство (имн.) - или (сврз.)

Антитезата на Фелоус може да се најде кај Џек Мејлбренч, авторот на Андрофилија – Манифест: Отфрлање на геј-идентитетот, презапоседнување на мажественоста (Androphilia – A Manifesto: Rejecting the Gay Identity, Reclaiming Masculinity) (2007), кој ја одрекува суштинската, вродена женственост на геј-мажите и кому не му се баш драги полињата во кои доминираат жените, а во кои, според Фелоус, геј-мажите се одлични.345
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои од нив дури силно се оградуваат од ставот дека имаат „својства или одлики што генерално ги имаат девојките и жените“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се гледаат сите геј-мажи себеси како полови меѓупоставеници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога станува збор за родовата ориентација, за наводно женските карактеристики на геј-мажите или (како што нагласува Фелоус, нешто повнимателно) за комбинацијата на мажествените и на женствените особини кај геј-мажите, за тоа прашање постои значително несогласување кај самите субјекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но внатре во женските движења, а посебно во поновото Queer-движење, прашањето за тоа колку се значајни или битни одредени разлики - да речеме, значењето на мајчинството и репродуктивните способности за разбирање и преобразба на половиот идентитет; или пак прашањето дали хомосексуалноста е природно својство или избор на поединци - предизвикуваат фракционирање и распршување на движењата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таму го добило заштитничкиот призвук на аксиоматско противење на „есенцијализмот“ – односно против тврдоглавото, но, на крајот на краиштата, неодржливо верување дека општествените идентитети се втемелени врз некое внатрешно својство или врз некоја таква природа или особина што им е заедничка на сите припадници на одредена група што се заснова врз идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)