седело (имн.) - во (предл.)

Умрела, незабележано, додека седела во сенката на воловите кои Ѓоре ги придржувал на џадето пред портата на касарната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред тоа ја видел само како ја поднаместува пушката во скутот, како посигнува во пазувата и како потоа ја запетлува кошулата на градите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тоа време сите куќни луѓе биле по работа в поле, само Босилка била дома и како што го низала ѓерданчето, го остајла на ругузина, та станала да види в куќа свињите нешто пакос да не сторат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле беше умрело од маки и не беше се предало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Позастанал да гледат, што ќе и бидит на девојчето во срцето што је мрдат, и најпосле од тоа што је пизмел, ја удрил со клоца што да можи во срцето, и веднаш беше се родила чумата од девојката умрена и беше застанала на нозе просто и му рекла на царот: - Од поган татко сум се зачнала и од умрена мајка родена, за тоа кого ќе видам, ќе го испоганам кај скришните места и ќе го умрам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Не ќе жалав толку, Боженце - си велела со жалосен глас - за Силјана мој ако беше умрел оовде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам коа в море може да се удаи одејќи на тој пусти аџилак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бидејќи сестра му од Силјана била свршена, си седела во двор на ругузина и си низала едно ѓерданче од стари рупчиња.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден ја видел царот жената, кај си седела в црква, заедно со ќерка си, и пратил луѓе да му ја донесат девојката од сиромашката жена при него, за да ја всили.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По некоја недела беше останала жена му од Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина, та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдојца; си везела и си плакала за к'сметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си напраиле две врапчиња едно седело во едно лозје од еден мрзлив чоек; седелото му било баш во средето од лозјето напраено под една грутка до една пењушка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)