секретар (имн.) - во (предл.)

Следуваше состанокот, околу Татковиот избор за судија, со другите двајца членови на државната комисија: партискиот секретар во Судот, Аспарух Зафиров, и со помошник-министерот Алал Комби.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И пред тоа, речиси цела година, таму во рововите и во земјанките, и пред одење и враќање од борба, политичките секретари во името на партијата, најлошо ни зборуваа за Тито.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Случајот сакаше, во низата вообичаени куртоазни и работни посети, кои почнува од посетите на министерствата, првата средба да ја имам со тогашниот државен секретар во Министерството за внатрешни работи Зине Абедин Бен Али, наследникот на врховниот борец Бургиба, главниот извршител на медицинскиот државен удар во ноќта на 6 ноември 1987 година во претседателската палата во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Добро знаев, од теоријата, но и од практиката дека пораките од ваков карактер првин се најавуваат кај генсекот, односно генералниот секретар во министерството за надворешни работи ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но директорот продолжуваше да го прекорува својот сервилен заменик: - Сте можеле, другар Палигоров, барем како партиски секретар во Архивот, да ги отворите очите, кога сте го прифаќале заклучокот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- А да знаете дека партиски секретар во селото не беше некој лруг, ами другарот Лазо, ленивецот и мечтателот селски...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Побарав итна работна средба со генералниот секретар во министерството за надворешни работи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)