селанец (имн.) - излезе (гл.)

Откако добро испровери во кое време Едо селанецот излегува од дома и колку време поседува пред продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некој од селаните излезе напред и почна да им вели и да ги моли дека тука посигурен ни е спасот и дека во Долно Дупени, Љубојно и Брајчино си имаме роднини и кај нив ќе си останеме додека помине лошото и потоа ќе си се вратиме дома. – Не! – рекоа нашите партизани и ги вперија цевките кон нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)