селанец (имн.) - ги (зам.)

И така аскерите ги зазедоа куќите, a селаните ги преселија децата во племните. Co стискаа, мрзнеа, боледуваа; изумреа сите деца под една година и старците, додека пукна пролетта да се постоплат на сонцето тие што останаа живи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од Арангела, кога падна еден снег, до стреи, одвај кај Мученици се распраи времето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слугите и селаните ги сметаше за посебен животински вид, сличен на неа и нејзините, но поблизок до светот на животните.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Селаните ги симнаа белите шамии од главите Добитокот грозно рика запретан во пепелта на летото И гласот му се престорува во ракопис на дожд.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во кочините започнаа да му се котат глувци гризејќи го салото од свињите и селаните ги уништија запалувајќи ги и кочините и свињите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По пауза, Едо селанецот ги премести нозете. Едната па... другата. Главата не ја поткрена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Силјан селаните ги видел оти ним им било како приказна, почнал да им кажува што патил дома дури бил штрк и што видел и што сторил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И додека сите селани ги возобновуваа заборавените нивки во планината крај нивното село, кои, во времето додека тие печалеле по светот, беа насобрале по малку слоч за да можат да изранат по неколку жетви, а војната ги имаше испобркано сите патишта и сите граници, - оној тогаш шверцуваше со автомобилски гуми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако се наисплакала, отишла кај селанецот Митре.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во рамничарскиот простор и калта се заглавиле, а селаните ги дотепале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Некој трговец, по име Илија, тргнал да оди на пазар во Делчево.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Секоја година ја чистела чешмата, ја расправала да не заптисаат водите, или пак селаните ги преправале ќумците.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За ова село постои легенда.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Има неколку мраморија од камен и бетон.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Денес селата се испразнија, селаните ги напуштија своите имоти, земјата, своите куќи и старите огништа и дојдени се во градот макар по цена и да страдаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)