село (имн.) - е (гл.)

Се обѕрнав наоколу, немаше жив човек. Само кокошки, мачки и кучиња шетаа низ дворот, а според тоа како изгледаше околината, веднаш сфатив дека селото е сиромашно и дека тука луѓето скромно живеат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Цело село е со Германци, вели, мажот ми веќе го зедоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во селото е веќе замрачено: сите сенки полегнале покрај ѕидовите од куќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За она што не ќе можеме да платиме, ќе работиме. Качари сме, колари, казанџии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Лесново... Тоа село е на крај свет. И малку потаму. Предалеку и за штрковите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Бај Шишко смета дека претходна локација на селото е Новосељ оти само од тука,вели, може бишка да избега преку Пеква Капина и Рамнинката до Главито.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Па ова село е Крчишта, синко... - Така ли? Па не сум знаел, мајката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Коџабашијата тоа го одгатнал вака: — Турците видоа дека од осум куќи село купија седумдесет волови. Значи селово е богато!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)