село (имн.) - или (сврз.)

Еден од марифетите беше и правење „мечка" и играње со неа по селата или пунктовите каде што имаше Германци, а особено нивни складови со продукти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грцити, имали негде во некој град или во некое село или во некое от црквите им или во некоја кукја, да прозборат по јазикот ни? а ние, когато сме на татковината си, за ошто да се учат децата ни пак на грчки? зашто да им пеим јазикот во црквити си???
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, во синорот на селото се случуваше тоа што често бидуваа претепувани и ограбувани, христијани и Турци, ои доаѓаа во дуќаните во селото или одеа на пазар во Прилеп, а грабачите никако не можат да бидат фатени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од дваесет години нагоре машко не ќе претнит ако не кажите кој беше некни на ѓурунтијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе кажиш арамбашите од вашиот село или да врзувам ортомите на јаболкницата, вистински да обесам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога стигнуваа вести дека партизани ќе поминат низ село или ќе останат на конак, таа секогаш излегуваше и, стоејќи скраја од патот, гледаше како минува колоната и прашуваше дали некој ги знае нејзините Ристо, Ташко и Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овчарите мораа да се распоредат така што ако се зададе непознат човек од некаде кон селото или ако штогоде се случи, да можат еден преку друг да јават в село и од село на време да им биде јавено на комитите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Често при одење од едно село во друго, за да не му врви патот некорисно и здодевно и за да не задреме на коњот пишуваше разни поднесоци што му требеа за да му бидат готови кога ќе дојде во селото или во градот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стоеше потпрен на големо дрво со збрчкана капа и не знаеше дали да се спушти во селото или да се врати таму од кај што дојде по долго и скапо патување.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Застанале еден спроти друг, Онисифор Проказник свртен со грб кон своите луѓе, другиот поткренат во седлото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело да се поверува дека сака да види нешто во далечина, двоколките поставени една зад друга и терачите на тие двоколки или нешто друго, село или селце кон кое го водел патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Писмо, што поскоро писмо до Пелагија! што е со нас, како нѐ пречека мајката Македонија, за палатата во која живееме, за големиот град, за фабриката која има оџак како и туланата во Гаково, ама најмногу за она што е во неа, за семето на Доне и нема да додаде дали нешто чула за него или дали го заушила како прелетува над селото или над полето седнат на аловото веленце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нејзе и беше сеедно дали ќе ја викаат Митро или Мигар: дали ќе има Рифат-бег на село или Арслан-бег во градот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега долината беше во колонеж и коленак, а требаше да се претвори во вештачко езеро што ќе ги потопи селата или барем нивните долни куќи, а да не зборуваме за нивчињата со кои се прехрануваа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги научивме од нашите партизани кои поминуваа по нашите села или на кратка почивка остануваа во нашите куќи колку за да здивнат, да дремнат, парче леб и сирење да добијат од топлите раце на нашите мајки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кинисал си Пејо. Минало една година.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Добар ден, Пејо, рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Аџаба така некој огин да горе низ селото или некој далечен огин да си гледал...?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во Мацково немаше многу мажи. Останаа само оние кои рано со овците излегоа од селото или пак оние кои се затекоа по кошарите и трлата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Саде темнина има во солената катедрала - ни зрнце бела сол, ни капка бело солило, во кое во селата или во рестораните надземи се засолува говедското, на пример.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)