сенка (имн.) - над (предл.)

Понекогаш минува како сенка над нашите глави.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кажи му, нека му каже на човекот што ќе му сакаш, до кога да те чека, та спремајте се и он и ти, прибери се да имаш сенка над главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Онисифор Мечкојад ја извлекол пушката од сламата и ја подал кон сенката над него. - Земи. И остави ме. Сакам да спијам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– Сакам да проговорам дека сите наши чупи си бараат касмет меѓу нашите ергени да се задомат, да си имаат една заштита, една сенка над главата...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неговото шмркање било густо, се мешало со чкртањето на сувите тркала; таквите луѓе му се одмаздуваат на оној што ќе ги навреди кога тој ќе заспие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)