сенка (имн.) - со (предл.)

Која е таа сенка од сите наоколу што ја избрала, кој е тој што го пуштила да ја дели сенката со неа? Или е можеби сама?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Загатките без можност за решение, значи загатките во кои ништо не е сокриено повеќе од самите загадочни чувства, таквите загатки во најдобар случај им соодветствуваат на игрите со сенки со заборавените форми на загатки, игри во премногу доброќудните сеновити градини на историјата, игрите на сенки во сенка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дури и оној внук на синот или на внукот на зографот од првата половина на деветнаесеттиот век, иако сега издуван, јунак и артилерец во српска или бугарска батерија од балканските војни, седеше под сенка со чанак попара пред себе, давеше муви во реткото млеко и мавтајќи со лажицата пееше со децата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зашто тој бил иднината на животот - старите се само стари и мртви пред да умрат, тој и неговите врсници ќе го обновуваат животот, плодоносци со живо семе во живо месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Салко Вадидуша прв се стрчна кон колата на својот тест. Другите, чешајќи се, го следеа без брзање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Болниот од жолта јанѕа со ѕвечави заби раскажа дека некоја сенка со ѕверско тргање му го грабнала парчето месо во кое и не загризал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас пред тоа ги видов домаќинката и девојката на мојата прва младост слеани една во друга на чардакот и се срамев што сум бессилен и заборавен зад кошот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Негде рапаво и луто заревеа пци, го прогонеа ли голото попче - не знаев, сакав само да останам скриен и сам, тогаш Онисифор Проказник, пред да влезат в куќа, ме повикаа и јас се покажав од сенката со помиреност на крадец за кого судбината не предвидела засолниште во пресуден час.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И за сосема да ја изгони сликата на Пела уште неколку пати се бореше со вителот под врбата и на крајот сосема исцрпен одеше да спие под некоја сенка со полн стомак од праски набрани од самото дрво под кое легнуваше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)