сенка (имн.) - мој (прид.)

Планината, каде што е мојата душа, сенката моја е исток. Онаа на којашто сум јас е запад.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас сум смртен. Сенката моја, мојата душа, заедно со избраното семе, е бесмртна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
... Погледни ме веднаш сенко моја што така немо си седиш и залудно ме следиш Не заборавај сенко, си втора по судбина, после мене А мора, мора да си наследила барем нешто од она што јас вешто некогаш го правев а ветерот го однесе за навек Побарај ме сега види Во мојот дневник Дали јас некогаш те славев и оставив аманет да продолжиш по мојот пат Заборави засекогаш на моите патила Извини за она што некогаш те мамев Врати ми сега, ако не си ми вратила
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тој пат ми го осветли, како божја сенка мојата Елен Лејбовиц, која ме следеше во мојата семејна потрага во текот на три лета.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Планината се вика Кара Даг. Сенката моја е во иднината, јас сум во минатото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)