сенка (имн.) - или (сврз.)

Појдоа со нас и сите други од селото, дури и дебелиот главатар со низа празни конзервени кутии околу вратот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Овој заклучок ми се наметна откако пред мене се појави нешто како сенка или туѓински војник кој ми го вперува орудието в гради.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Нека дојде Карамба-Барамба со мене и нека види: негова ли е таа сенка или не е...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Значи, сакам да кажам, не е важно дали актерот ќе ни ја сервира сценската фикција стоејќи на глава, нудејќи ни ја со клепките, гонејќи си ја сопствената сенка или стругајќи на зарѓаните гласни жици.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)