сестра (имн.) - ти (зам.)

„Враќај се ваму ! Врати ѝ ја на сестра ти нејзината чоколада!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако го зеде прстенот, Мискарица ја прегрна Аспасија и ѝ прошепоти: - Слушај: наместо Викторија, утре во градината, крај брегот, на ѓерѓефот ќе влезе сестра ти Атина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ете, Маријана, сестра ти, се омажи за тркач. Прекрасно момче. И веќе не мразам трки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гледај побрзо пуштај пари да ја омажиме сестра ти, да одбереме едно гајле, оти еве и таа дваесет на Митровден ги наполни.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Чекај, чедо, не брзај, земи збогум со сестра ти, таа нема да дојде со нас, не чини да ја затвораме куќава сама.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега останав и без стрико ти, вели, брат ти и сестра ти ги криеме во Лариса...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами како е сестра ти Босилка, син ти Велко?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Сестра ти, така, а? Се свршила со друг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Сестра ти, дома ли е? Не е?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Моите две тетки тивко цимолкаа и шмркаа за вујко ми Сотир, додека тој од врамената фотографија на ѕидот концентрирано гледаше во празната тава на масата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ајде марш во веце ти прв, па после сестра ти! Цел живот ли по вас ќе чистам!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сестра ти прваче? Се шегуваш!“ се вмеша Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Татко ми сепак дозна за тоа, ме искара зашто не сум му кажала, дури ми рече: Немој да ја сакаш, штом е таква сестра ти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Тебе, татко, браќа и сестри ти заминаа во Цариград, земји продадоа, богатства однесоа! Зар нема да ги следиме?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)