сестра (имн.) - близначка (имн.)

Таа во тетката Перса ја виде тетка Евдокија од Прилеп, не само по добрината и расудувањето, туку нејзе ѝ се пристори како да се сестри близначки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мајката Роса со две сонца во човечињата на очите, зацрвенета и сериозна, нејзините сестри близначки Сава и Танаска со по една момичка исти како и помалечките на Роса, трите нејзини ученички, Милка со две машки и нејзиниот маж и се разбира, Деспина, бликната од радост ама и од едно чувство на страв што ја мати радоста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Масата наредена со разни салати и јадења, а единствени кои седат околу неа се двете сестри близначки и зетот Михали.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)