сивило (имн.) - во (предл.)

Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сиво небо по кое се развласило потемно и посветло сивило во вид на развлечени облаци во приквечерина по бессончев ден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Колку што се разбиструва сивилото во просторијата, толку потемнува нејзиното лице.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)