симбол (имн.) - во (предл.)

Навистина, жителите на Потковицата и дотогаш знаеле дека сонот значи смрт, насилно и грубо искоренување, па затоа и сонувачот и тие на кои се однесувал сонот живеле во постојан страв, во постојана одземеност и малодушност, сѐ до извршувањето негово, но никако не можеле да си ги доизјаснат значењата на симболите во него, а тоа, како учен човек, го сторил Јован Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како примателот се среќава со ова уметничко дело?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Преку значајните движења на виртуелната реалност (врз основа на вртење на главата и придвижување на податочната ракавица) примателот „патува” по четирите соби-светови, од едниот во другиот, ги разгледува симболите во нив и ги испитува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пред сѐ, треба да се знае дека за артифексот значењето на vas симболот во алхемијата било со исклучителна важност. Vas hermeticum бил значаен колку и prima materia.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Третиот чинител на равенката глава/алемичарски сад е Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Спрема Peladan, на пример, хермафродитот е „уметнички пол par excellence” и Leon- ardo го пронашол „Поликлетовиот канон”: „андрогинот”. Gioconda, според него, би била оној универзален симбол во кој се здружуваат „церебралниот авторитет на мажот” и „магичната сензуалност на жената”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ако дистинкцијата на Хејс беше одржлива (јас очигледно се обидувам да покажам дека не е), тоа би значело дека (1) Тјуринговиот тест бил невалиден, бидејќи програмата што поминала наТТ можела да биде имплементира на „погрешен” начин, и дури дека (2) Тјуринговата еквиваленција не била доволно еквивалентна, и покрај пресликувањето еден-еден, состојба во состојба симбол во симбол, правило во правило, помеѓу „реалното” имплементирање и псевдо-имплементирањето бидејќи некои од овие пресликувања биле на некој начин „погрешни”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дали ќе ве изненади ако ви кажам дека и филмот разочара? •Хичкок: „Не, не, се согласувам, сметам дека сѐ е премногу комплицирано и дека објасненијата на крајот се премногу конфузни.” 144 Margina #22 [1995] | okno.mk Озлогласената (Notorius), 1946г. •Бев нестрплив додека стигнавме до Озлогласената, бидејќи тоа е ваш филм што најмногу го сакам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Работев со Бен Хехт кој често ги консултираше славните психоаналитичари.” •Каква беше смислата на отворањето на вратата при првата прегратка на главните јунаци? •Хичкок: „Го замолив Бен да пронајде симбол во психијатријата што означува раѓање на љубов помеѓу мажот и жената, и тој ја пронајде вратата.” •Зошто за делот со сонот му се обративте на Салвадор Дали? •Хичкок:„Кога дојдовме до сцената со сонот, сакав потполно да прекинам со традицијата на филмските соништа кои обично беа магловити и нејасни, со екран што трепери итн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Козите во овој роман стануваат симбол во одбраната на човекот од сталинистичкиот тоталитаризам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Каква е врската меѓу логичката структура на овие симболи во рамките на математичкиот свет и логичката структура на реалните економски квантитети што се претставени со овие симболи; Ова прашање, без никакво претерување, би можеле да го наречеме Основно Прашање на Моделирање на Системот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Англискиот лиричар Крашоу пишува за величественото лудило на Музата “која би можела да гази по Млечната патека”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еден од најплодните писатели на трактати, Емануеле Тезауро, кого често го наведуваме, пишува: “Лудаците (i mat- ti) посебно се надарени со вештината за создавање сјајни метафори и остроумни симболи во својата фантазија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)