синагога (имн.) - или (сврз.)

Во тие лутања низ градот, понекогаш мојот поглед ненамерно ќе паднеше на некое големо стакло, или во водата на реката или на некое вирче, па без да сакам се соочував со мојот лик, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И самиот дом ми беше некакво огледало, сенка на сенката која ми го поставуваше прашањето кое се колеба меѓу постоењето и непостоењето, и затоа дури и кога студот влегуваше в коски, дури и кога ветерот биеше толку силно што мораше да се затвораат очите, јас лутав по улиците, застанував на мостовите, влегував во некоја синагога или пак црква, седнував на некоја клупа, и така ја проветрував душата како ткаенина во која се насобрал горок мирис.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас претпоставувам дека вие сте сакале да кажете дека верувањето на вашите родители не се изразувало во дејства (actes) во ритуализирано милосрдие како што тоа го прават верниците од сите религии: кажувањето на молитвите, одењето в црква, синагога или џамија, крстењето, коленичење, простернации, палење свеќа пред фрески, икони итн.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)