синило (имн.) - и (сврз.)

Водите беа кристално бистри, не толку длабоки, и го покажуваа езерското билно царство со преливите на невидени бои во кои царуваше синилото и зеленилото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но од очите на лилавата птица капнала солза.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дунав не минува низ Виена, туку покрј Виена и сините бранови на Дунав единствено можат да се доловуваат само од будимпештанските мостови - монумент, и Штраус, кога ја компонирал мелодијата „На синиот Дунав“, најверојатно се инспирирал од синилото и брановите на оваа река од будимпештанските мостови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но капка негова крв останала на небото. Се измешала со синилото и станала лилава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)