систем (имн.) - во (предл.)

„Добивката“ таа ја лоцира во личната сатисфакција и во тоа што увиде дека судскиот систем во Р. Македонија колку- толку функционира, барем кога се работи за проблематиката на заштита на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Добивката од овој спор Вујошевиќ не ја гледа во исплатата на платите – бидејќи тие секако ѝ следуваат за сѐ она што го сработила тој период.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во типологијата на писмото, алфабетот го зазема највисокото место затоа што претставува најекономичен систем во поглед на количеството на знаци, неопходни и достатни за потполно бележење на говорот и за пренос на информацијата на растојание.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И на крајот, фонографски систем со знаци на писмо што одразуваат одделни звуци се определува како алфабетски систем или алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Елсинор можеше да биде чешка или Полска или чешкославија или Маусдонија...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Хамлет е луд, зошто има систем во лудилото на политиката.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Лагите, аморалноста и mokratska smisla po­prvo }e неправдите на тоталитарниот систем во којшто nau~ime od par ameri­kanski живееше, Крлежа, како што знаеме, ги премолче. filmo­vi otkolku od celata Подеднакво илузорен се чини и обидот нешто makedonska lite­ratura. позитивно за модерниот граѓанин да се научи Da ne bevme odele na kino, од белетристиката на Крлежа, од неговите, како se ~ini deka denes re~isi ni{to ne }e znaevme za што пишува Кравар, ликови на “идеолошки moder­niot gra|anski svet i необврзни граѓански бунтовници” како што `ivot. се Леон Глембај и “докторот” од романот На работ од умот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За време на комунизмот нѐ облакаа у плави кецели со што би нѐ раздвоиле од класните разлики во системот во кој нели сите бевме еднакви.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Доктор Миха излезе од тие институции на системот, без секаков систем во својот организам и без никакво владеење ни со својата снага ни со својата памет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Понатамошната евиденција на конфронтираните ставови околу преведувањето може да се извлече од начинот на кој образовниот систем во голема мера се потпира врз преведените текстови во процесот на учење, без да се обиде да го проучува процесот на преведување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мене ме обзема мислата за доследноста на системот во наложувањето на организираната лага која почива врз една погрешна идеја, зачната и одржувана во заробениот ум, прикажана од музеј во музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Геј- (или протогеј-) субјектите може и тоа како да ги доживуваат тие стилови на изразување, заедно со целиот конвенционален општествено-семиотски систем на родот и на сексуалноста што ги прожилува, како неконвенционални, ако не и начисто туѓи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, машката геј-култура ги валоризира изведбата и играњето улоги; ја негува мелодрамата; покажува фасцинираност од конкретен стил или од конкретен начин на суштествување кој го определува посебна смеша од гламурозност и абјектност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Диференцијалното родово исцртување на културните облици го создава (хетеронормативниот) општествено-семиотски систем во кој учествуваат старателите на детето, систем што веќе придонел кон обликувањето на нивните сопствени субјективитети и кон утврдувањето на нивните лични стилови на чувствување и на однесување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, тогаш, разбирливо е што машките геј-културни практики – кои за мажите промовираат и шират нестандардни начини на суштествување и чувствување, кои прекодираат парчиња од главнотековната хетеросексуална култура со дисидентски или со нетипични родови значења и кои ги подучуваат другите на тој општествено девијантен и опозициски етос – велам, навистина е разбирливо што таквите практики може да направат да изгледа дека геј-мажите имаат својства и одлики што општо земено ги имаат девојките и жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А како да се формира, најпосле, ако не во однос на постојните општествени модели на родот и сексуалноста, отелотворени и во најраните старатели на детето и во родовите вредности што спаѓаат во културните вредности што тие старатели му ги изнесуваат на детето – а кои ги обликувале и нивните сопствени стилови на однесување и на емоционално изразување?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе мора да му ги определите точниот состав, својствените обележја и стилскиот систем во кој се сврзани тие одлики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А во општествен и симболичен систем во кој родовите разлики систематски се поларизираат, дихотомизираат и се претвораат во бинарни спротивности, секој гест што укажува на одбивање на конвенционалната мажественост сигурно ќе се чита како женствен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Родовиот идентитет се обликува многу рано во животот на поединецот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите овие културни облици или жанрови во нашиот свет потесно се поврзуваат со женственоста отколку со мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие денови вежбам. Ти даваат пар дена за вежбање од почетокот и после отприлика третиот ден почнуваш да си разработуваш систем.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Правниот систем во оваа земја нѐ третира како стока.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа ти е правниот систем во нашава земја, вели брат ми, и во право е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На пример, една цака е да не застануваш кога доаѓаш до агол - да не успоруваш или забрзуваш, спокојно да продолжиш со рацете и со стапалото на педалата и без размислување едноставно да го свртиш аголот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еве. Совршен Џеб. Овој ќе го сочувам. Значи имам еден.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Имаше систем во импровизацијата – ја исправаше тета Дитка од терасата, каде што го следеше „Дебатниот новинарски клуб“: - Односно, умееше да го употреби занесот“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако тргнеме од тоа дека културата не се учи само преку јазикот, туку и преку невербалните постапки со кои се изразуваат емоции и ставови, но најмногу преку специфичните кодови кои често знаат да продуцираат и моќ, стануваме свесни дека учењето на културата е еден отворен систем во кој секој од нас го прима и пренесува знаењето на различни начини...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се гордееше со основните принципи по кои функционираше државниот систем во нејзината земја и вистински веруваше во она на што работеше веќе десетина години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дали заради поинаквиот систем во кој сега живееше или заради годините што носат мудрост, а одземаат илузии, овде, во шумава, размислувањата некако му одеа во поинаква насока.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Меѓутоа, како и целата нивна генерација, неговите родители едноставно не забележуваа дека ветровите на промените почнаа да дуваат од исток наместо од запад и дека системот во кој тие двајцата ги проживеале оние години до кои тој стигна веќе на големо се распаѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Овие истражувања покажуваат“, тврди Кауфман, „дека системите во комплексниот режим можат да спроведат и да координираат и најсложено поведение, најлесно да се прилагодуваат и да градат најполезни модели на нивните околини.“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Динамиката на ваквиот систем во голема мера зависи од интензивноста на заемодејството меѓу видовите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во еден јазик можат да се користат повеќе системи во исто време - како што е вообичаената употреба на вертикалните неонски знаци и вертикалното пишување врз рбетите на книгите во англискиот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој никогаш нема да му прости на својот пријател Сенгор кој доброволно ја предал власта, определувајќи се за слободни парламентарни избори и воведување повеќепартиски систем во Сенегал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите надежи на баба, за заминување на семејството во Турција и тамошен прифат, почиваа врз моќта на нејзиниот прв братучед Али Фетхи, по мајкина линија, кој по завршената воена гимназија во Битола (со Мустафа Кемал, негов најблизок, доживотен пријател) и Воената академија станува воено аташе во Франција (1911), потоа амбасадор во Софија (1913), крај Мустафа Кемал кој е воен преставник на Османската империја, потоа премиер на Република Турција, кога Мустафа Кемал станува претседател на Турската република, па потоа амбасадор во Франција, амбасадор на Турција во Велика Британија, па Претседател на Парламентот на Турција, Претседател на првата Либерална партија (1930), во обидот да се организира мултипартиски систем во новата Република.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Месади ништо не рече Реалниот повеќепартиски систем во Тунис требаше уште да почека, како што велеше Бургиба јуниор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За разлика од европското право, каде што постоеле разграничувања на носителите на правото судијата, адвокатот, кадијата бил носител на правниот систем во Османската Империја, како и во голем дел на Балканот, каде што кај сите народи била честа изреката: Кадијата те тужи, кадијата те суди!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вози на динамиката на системот во насоката во која сакаш да одиш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Феноменот на Чудна Јамка настанува тогаш кога следејќи некоја нагорна (или надолна) линија долж скалилото на било каков хиерархиски систем, одеднаш ќе се најдеме, на наше големо изненадување, на почетната точка. (Во изложениов пример во улога на хиерархиски систем се јавува системот на музички тоналитети.) Понекогаш го користам терминот Заплеткана Хиерархија кога сакам да дефинирам систем во кој постојат Чудни Јамки.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кибернетичарот Стафорд Бер има една голема изрека според која живеам со години: немој да се обидуваш да го одредиш системот во сите негови детали.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се употребуваа последните софистицирани полициски методи, сигурно научени од поусовршени системи во таа насока, да се доуништи „загубената душа”, вратениот емигрант, кога не можеше да се придобие за своите идеолошки цели.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Примерите се безбројни, од Sindy Sherman до Borofsky и необично е што и Жилберт&Џорџ се на таа листа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Малубројни се уметниците коишто можат да ѝ одолеат на поврзаноста меѓу растечката популарност и растечките димензии, токму како во 19 вековнииот салонски систем во кој најголемите слики обично им припаѓаа на најуспешните уметници.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во секој лингвистички систем во постојано делување се веќе неколку јазици - сите јазици содржат елементи од други јазици, исто така содржат и нестабилност, двозначност во нивните сопствени рамки.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Најлошите карактерни особини, егоизам, нарцисоизам, љубомора, завист, огорченост спрема другите, тие се како црви кои ја поткопуваат нашата душа, најтемни демони кои ќе ја уништат секоја келија во нашиот систем во кој останало уште малку добрина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ваш Луан Старова X Имаше јасен систем во писмата што ми ги праќаше Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
[...] Геделовата теорема и улогата на логиката На почетокот на овој век, филозофите и математичарите се занимавале со прашањето дали постои таков формален логички систем во кој тргнувајќи од аксиомите и дадените правила за изведба, би можела да се изведе секоја теорема, секое вистинско тврдење (и ниедно лажно) за аритметиката, сѐ она што би можело да биде вистина за операциите на собирање и множење на броевите, и.т.н.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)