систем (имн.) - ќе (чест.)

Ако со помош на компјутерот создадеш доволно надразби, што означуваат постоење на одредена друга стварност, нервниот систем ќе прескокне на друг колосек и човекот новиот симулиран свет ќе го прими како стварност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Системот ќе биде во случајна, динамичка, надкритична состојба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во XX век, во нивниот бес да се пресметаат со природата поради наводната индустридолатрија, капиталистичкиот, фашистичкиот и комунистичкиот систем ќе настојуваат дефинитивно да ја победат козата, зашто таа претставувала продолжување на традицијата и носталгијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Една од најдобрите стратегии е таканаречената “танте за танте”: елементот на сложениот систем ќе соработува првиот пат кога ќе наиде на противник а натаму ќе ја повторува реакцијата на противникот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сé додека во системот се додава енергија - односно, сé додека се испуштаат зрнца песок - системот ќе остане во критичната состојба а неговата динамика нема да се стабилизира.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во животот може да прочитате иљадници контролирани наслови кои системот ќе ги наметне, но за да ја разоткриете правата вистина доволни ќе ви бидат само десетина андерграунд книги.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Според тоа многу малку од неговиот нервен систем ќе остане неизменет, и јасно е сега дека приказната за поделената личност ќе биде тука интуитивно најплаузибилна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)