ситуација (имн.) - има (гл.)

Во еден миг, помислив да одам на закажаниот состанок во градината кај „Знак прашалник“, за секој случај набавив дури и неизрежан клуч, но тогаш пред оваа намера се испречи една голема промена во мојот живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му се чинеше и дека нема фронт, барем не онаков каков што тој си замислуваше дека треба да има (оти единствен репер му беа книгите на Ремарк), па дури и вестите за загинатите ги примаше со некоја голема скепса, како дел од фиктивното сценарио кое требаше да го сфатат сериозно за да можат соодветно да глумат во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во сета таа ситуација имаше нешто лажно, некој привид, некоја шарада и му се чинеше дека сето тоа е само игра, само уште еден СВОЗ, а никако вистинска војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред да излезам од продавницата, мојот пријател ми довикна: – Во целата ситуација има една добра работа. – Која? – Стана јунак на една приказна. – Каква приказна? – пак се сепнав. – Приказната се вика „Чај за двајца“ и нејзини јунаци стануваат сите оние кои ќе најдат каква било обетка, кај било.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во меѓувреме ги признаваме само кралот и Владата на прогонство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нашиот став е јасно набележан: да се помагаат сите оние елементи што се борат против непријателот, а политичката ситуација има да ја реши самиот народ по војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)