ситуација (имн.) - со (предл.)

Многу народ се беше собрал, ја гледаше таа ситуација со огромно внимание и бурно се коментираше од сите страни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кон крајот на 1942 била создадена мошне тешка ситуација со разбивањето на некои партизански одреди и одлевањето на кадрите, како резултат на масовни апсења, загинувањето на Мирче Ацев и Страшо Пинџур.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Видов дека ситуацијата со ранетите е многу лоша. Приближно триесет многу тешко ранети. Условите многу примитивни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Политичкото и военото раководство на Македонија во првите месеци на јануари и февруари 1943 , а имајќи ја предвид поволната надворешна воено-политичка ситуација, презело низа мерки кои го трасирале патот кон позасилен разгор на народноослободителната борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тажна е ситуацијата со сообраќајот овде.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)