ситуација (имн.) - ќе (чест.)

Ако не ја решам оваа ситуација ќе се скрши сѐ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нека се надеваме - пишува Евгенијадис - дека турските судии во оваа ситуација ќе се покажат беспоштедни кон злосторниците и ќе им ја изречат заслужената казна и дека нејзиното извршување нема да биде одложено, како што се случувало со порано осудените од редовните судови комитетски убијци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Замисли во каква ситуација ќе се најдеш ако ти и понатаму настојуваш да му докажуваш дека е дење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Едната "јас", којашто се надеваше дека и во новонастанатата ситуација ќе испаднеш победник, дека, како и првиот пат ќе се бориш, ќе бидеш јак, ќе издржиш…, па ти ми рече седум години, а не поминаа ни четири, а другата "јас" која си велеше самата на себеси: "Мора да бидеш јака, мораш да издржиш, те чекаат тешки денови, него ќе го нема…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)