скала (имн.) - во (предл.)

Преседоа до каде полноќ и ги нарамија пушките, та излегоа горе скала во камењето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Понекогаш и во сонот му се причинуваше дека куќата гори, стануваше, излегуваше на чардакот, гледаше во дворот, шмркаше со носот и му се чинеше дека му иде миризба на чад, стрчнуваше по скалите во кералот кај добитокот, проверуваше, гледаше дека нема ништо, и пак се враќаше да спие, но не можеше да спие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во 'рж ... стари пејзажи, литографска идила на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во непроѕирноста на мракот тој се спушта бргу и сигурно по скалата во потонот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гого излезе од ќелијата и се прошета по чардакот, празен како по гозба, па слезе по дрвените скали во поплочениот двор и убаво се исплиска на чешмата со три шурки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во голем сандак... врата во која шумеше боја на зрела ’рж... стари пејзажи, литографска идили на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По едно време, а големо време, ете го пак татко, слегува по скалите во гумното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)