скала (имн.) - да (сврз.)

Гробник еден!... за него личело да се забере и да пее под пенџере. (Николаќи повторно пее под прозорецот): Сечи, моме руса коса, Сплети скала да се качам, Да ти влезам, море’ море, в одајчето, В одајчето шарено.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Проклет да бидам, имало господ, во тоа темничиште и по тие скапани скали да се помине само со неколку полесни случаи - чело, нос, око, шината нога, о, тоа морало некој добар ангел тука по цела ноќ да бдеел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чуварот го испрати Еда со поглед до протнувањето под рампата на главниот влез и дури потоа се сврте да се искачи по скалите да види зошто го бара директорот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Глас од радиото: ...пожарникарите се обидуваат со скали да се качат низ ѕидовите на четирите фасади. Операцијата ја изведуваат сложно. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 130
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сватовите донесоа тепсии со ориз, со грав, со компири - пупа. Со скала да се качуваш на нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)