скок (имн.) - и (сврз.)

Е па, да одлетаме од оваа тажна, зачадена котлина, еднаш засекогаш, мој мил сопатнику, Кракатау? Да одлетаме, пријателе, да одлетаме. литературна адаптација: П. Вулкански okno.mk | Margina #11-12 [1994] 145 Worhol Andy 146 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога поп-артот се појави шеесетите години на ликовната сцена, втората генерација на апстрактните експресионисти се подготвуваа да јуришаат на високите естетски вредности што ги поставија Вилијам де Кунинг, Џексон Полок, Бернет Њумен и другите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се наежува, камата се извлекува од канијата. Два-три скока и право во тилот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ворхол (2) Картер Ратклиф Увод Конзервите од супи на Енди Ворхол, хамбургерите на Клас Оленбург, стриповите на Рој Линхтенштајн и пародичните рекламни плакати на Џејмс Розенквист - овие поп-арт слики направија скок и од наглата експанзија на празната американска консументска култура влегоа директно во областа на високата естетика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Симон Дракул, Ташко Георгиевски, Ката Мисиркова, Петар Ширилов, Божин Павловски, Димитар Башевски, Трајан Петровски, Живко Чинго, и сите други неспоменати овде, кои го следеа во нашата литература тој процес, сите тие горчливи австралиски патеписи, сите тие кенгурски скокови и вестаустовски стории, сите тие вагони врз глувите колосеци што чекаа да не однесат безнадежно кон некои рамни земји и далечни континенти, сите тие литературни зафати во современата наша литература како да се продолжеток на една тематска врвица што ја започна Стојан Христов во литературата со евидентен успех.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја гледаше сега таа зачекорена мечка како го скусува растојанието меѓу нив со некој нов скок и уште веднаш сети како од зад него се раззинува една длабока празнина, една ужасна провалија, и го влече кон себе; беше едно чувство како некој силен ветер да му дува во градите и просто го оттурнува да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)