слава (имн.) - во (предл.)

Ако неговиот пристап, како што констатиравме, беше неутрален, „воајерски”, тогаш протагони­стите настапуваа егзибиционистички.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Демократичноста на славата во некои случаи се свртуваше против нив, на пр. јавно понижената девојка како жртва на бесот на Поп Ондин во Девојките од челзи или Поп Ондин сам, во подоцнежниот филм The loves of Ondine,како и против самиот Ворхол (случајот со Валери Соланис).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Само така, како оаза што среде илјадалетна сува пустина се храни од своите сопствени сокови, ќе најдете сила во горчината на своите солзи и ќе опстанете со слава во Христа, а оние што посакале да ве поништат, ќе отстапат. Амин!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Препис учинивме, умножение од тој запис и го решивме“, рече Филозофот (Не ми беше јасно зошто цело време вели „ние“, кога сам се подвигуваше Филозофот, нека му е слава во Станот Небесен, но и мене ме стави до него, не ме заборави, како Господ што рече: „И каде ќе одам јас, таму и слугата мој со мене ќе оди!“).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секој занает си имаше своја слава во градот - ќурчиите го славеа Свети Илија, казанџиите Свети Спиридон, бавчованџиите и лозарите Свети Атанас, терзиите Петровден, и сите ги канеа на своите денови, и турските големци, и другите видни граѓани, ама Свети Пантелејмон на папуџииите за Тодора беше некако најубав празник и чест што мислеше дека целосно и самата ја заслужува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакам да ја вкусам славата во светот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги гледав како се радуваат на смртта, на умирањето, на излеаната црвена крв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавав во тие мигови на случајот на Мигел Унамуно, славниот ректор од Саламанка, кога на една слава во времето на фашизмот, на хистеричните повици на Франковите војници да живее смртта, со нему својствена храброст ќе истапи со познатите зборови дека има мигови кога молчењето може да биде лага, спротивставувајќи се на извиците за смртта со повиците за живот, во неговата осуда на фашизмот и франкизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа, со години, веќе не се зборуваше за Мајка Те­реза во родното маало, по заминувањето на нејзината блиска рода, макар што нејзината слава во светот стануваше сѐ поголема, особено по нејзиното добивање на Нобелова­та награда за мир, во 1979 година, добивајќи ја и во името на сиромашните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)