слава (имн.) - ќе (чест.)

- Олимпија: Твоето кралско его треба да го зачуваш и да ги надминеш туѓите слави, та тогаш твојата слава ќе биде повисока и од нејвисоката на сите кралства!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Уште од дете, додека беше целокупен, Мице имаше голем мерак да стане свирач и затоа, секогаш кога за свадба или селска слава ќе дојдеа свирачи, се пикаше меѓу нив со по една клечка во секоја рака, застануваше пред виолинистот и ставајќи ја едната клечка фатена со левата рака под пазува наместо под брада и со другата заструтувајќи преку другата прачка, ги имитираше движењата на кеманџијата и заедно со него ја свиреше и ја пееше песната што свирачите ја свиреа и ја пееја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во таква состојба ќе се најде кралот Шарл Кине, кога на врвот од својата слава ќе абдицира во Брисел, за да предизвика восхит за покажаната храброст.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа за човека може да биде и природна, но може да ги има и сите обележја на болест од која ние само инцидентно ќе можеме да се излекуваме, но во процес на внатрешно зреење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)