слама (имн.) - или (сврз.)

Правеа со брата му Јована во турско време ќерамиди во Витолишча и добија пријатели. Каков поголем пријател можеше да има селанец од оној што го спаси да не ја менува секоја година сламата или 'ржањето на куќата и пак зиме да седи во виришта и мразурки на сред куќи?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Турски ќерамиди, правени од Перета Селчанецот, ама пак не се 'ржање, слама или трска како во Полето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби изгорела некоја копа со слама или сено, можеби изгорела само плевната, а дедо Иван е жив и здрав, но зафатен е со работа, па не ги слуша истрелите од Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Над самото огниште на гредите наредени се штици кои го прават таканаречениот „черен“, од кој се одбиваат искрите и го штитат покривачот да не се запали, доколку е од слама или од 'ржање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)