слика (имн.) - кој (зам.)

Иследникот сугерира дека кралот, премиерот и него, солунскиот главен рабин, ги врзува една единствена јудео-масонска идеологија и тој така ја реди сложувалката од животот на архирабинот Корец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дека има слики што се наши и оние што им припаѓаат на другите учесници во истата реалност. Слики кои се наши и на другите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во земјата која необично многу ја поддржува современата уметност, првата специјализирана институција - со разновидни слики кои се гордеат со атрибутот „најголеми во Јапонија” - се бори да ги исполни големите очекувања на публиката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дури изложбата во Џенова 1956-та повторно му го враќа значењето на овој голем сликар; еве дел од каталогот од таа изложба: “Ненадејно се наоѓаме пред слики чија што модерност е токму запрепастувачка, пред слики кои го антиципираат Караваџо, Жорж де ла Тур, Зурбаран, дури и некои од денешните сликари, бидејќи такви светлински рефлексии и често геометриски распоредени ефекти на сенки ги нема никаде во 16-иот век...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во самиот центар треба да стои стар заоблен кауч, така гол пред античката камера поставена на три­ но­жец.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Верувам дека никогаш порано, пред појавата на Валери Соланис не дошол на идеја да ја изедначи славата што сам ја конструираше со таа на Мерилин или Лиз, слава која предизвикува стравопочитување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(...) Како и да е, неуспесите на Ворхол имаат помалку пресудно значење за она што остана од Фектори сега, а тоа е идејата за слободна популарна уметност - пракса на музика, зборови и слики која прибрано ги урива постоечките критериуми, која го одбира својот пат низ антидатираната комерцијална забава, и ароганцијата на институционалната доблест до некои колоквијални синтези. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 153
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како тоа се одразува на сликата која што вие ја имате за неа како личност? • Кои од овие промени ви укажуваат на тоа што вам како на личност ви одговара? • Се чини дека сега и на двајцата нѝ е повеќе јасно како сте се подготвиле за овој чекор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кои се новите заклучоци околу тоа каков е вашиот вкус? • Што ви кажуваат овие откритија за тоа што сакате во животот? • Разбирам дека сте посвесни за позадината на овој преоден момент во животот на Марија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Долго стоевме пред „Богородица и детето Исус“ и „Распетието“ од Џовани Белини, донесени од музејот Корер од Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа вечер му се јавив на Зигмунд. Рече дека има малку време во текот на следниот ден, и дека можеме да поразговараме додека ќе ја разгледува изложбата „Мајката и Синот Божји“, поставена во Кунстхисторишес Музеум, за која од цел свет беа донесени стотици слики кои ги претставуваа Дева Марија и Исус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа го искористија политичарите и преку своите слепи подржувачи секојдневно ни нудат искривени слики кои се повеќе бедни клишеа, одвратни стереотипи, односно слики кои потекнуваат од стерилни центри за вообразба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Намерно лудило, радосно зло, уморен одмор, штетна корист, очајничка надеж, жива смрт, одважен страв, колеблива смеа, нескршливо стакло, вжарен мраз: вечна бездна на хармоничен несклад, пеколен рај, небесен пекол. (со “рафали” од оксиморони Марино пишува за Љубовта) okno.mk 237 Мистика и еротика Дури и во христијанската мистика се појавуваат слики кои не само што се проникнати со еротика туку директно се преземени од сексуалноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Лоренс и Хенри Милер, тогаш го имавме “пансексуализмот” на Аретино и Марино. (...) Изворниот порив на маниристите - светот да се опфати со слики кои додуша ги доживуваме неповразани, но можеме да ги сублимираме во хиероглифски амблеми, по 1920-та доби силен поттик - делото на Фројд.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Слепа ласица, врзан Аргус старец што шмука и старо дете, доцтор игнорантие, полжав во оклоп, нем говорник, богат просјак, среќна заблуда, барана болка, сурова рана од верен пријател, воинствен мир и бурна тишина; го исполнува срцето а душата не може да ја разбере.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Друга референца што ја спомнува Легради се сликите на Gerard Richter - реалистични и апстрактни слики кои се однесуваат на фотографски репрезентации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Х.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во секоја распарана нишка гледаше по една слика која како секавица минуваше пред неговите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакаше да навлегува во овие мисли и повторно да ја враќа сликата која очигледно не можеше да се врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во пишувањето тоа се одвивало со помош на таканаречени „детерминативни“ слики кои се ставале зад напишаното, и му давале смисла, а самите не се изговарале. (Ibid.,стр. 18): „Кога египетскиот збор кен треба да значи „јако“, зад неговиот алфабетски напишан глас стои слика на исправен маж; кога истиот тој збор треба да изразува „слабо“, зад буквите кои го прикажуваат гласот следи слика на стуткан, омлитавен човек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
1 Следствено на драматскиот идентитет на динамикиве, една перцепција наликува на некоја партикула: актуалните перцепции се опкружуваат со цела небула од виртуални слики кои се дистрибуираат со подвижни кола колку повеќе се оддалечуваат, стануваат сѐ пошироки, се градат и разградуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа беше една од оние слики кои се направени така што очите те следат кога се движиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И гледаш слики кои ниту ти ниту природата можела да ги замисли.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ѕидните слики кои се појавија беа совршени, источњачки, кревки и потполни, а потоа се претвораа во вистински источни градини со пагоди, храмови, богати со кинески, златни и црвени олтари и со музика од Бали.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ставив скоч во чашите и отидов до двете слики кои ги направив, двете долги околу метар и осумдесет, а широки околу метар, кои стоеја свртени кон ѕидот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Рамнодушно ги мразам сликите кои како дежаву се појавуваат пред моите очи тогаш кога најсилно посакувам да ги заборавам, во нив имаше нешто трагично, инсинуации, глува тишина и привид на среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, не можев да ги симнам, потсвесно сакав да се измачувам, да гледам во тие неподвижни опскурни референци на некогаш среќни лица и да повторувам колку длабоко ги презирам тие очи и тие усни кои љубовта ја претворија во болка, или уште полошо во рамнодушност, како никогаш и да не било.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Редуктивно извлекување од себе сѐ што е скриено во ходниците на потсвеста, подвижни слики кои се премногу ранливи и приватни, проживеани, срамежливи приказни, соголување на душата од тврдиот кожурец на времето, ослободување од напнатоста и драмите кои сами ги создаваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но Елен Лејбовиц, соочена со медиумските црно-бели слики кои ги изнесуваа последиците од задоцнетиот европски дипломатски балет во регионот и раскажаните епизоди од мојата балканска сага, бараше начини, како мојата раскажувачка вистина да се наметне како веродостојна алтернатива.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И згора на тоа, пишуваше во написот, Патрик Крисман, кој, поради својата безбедност, треба да живее со постојана заштита од двајца полицајци крај себе, минува еден голем дел од своите ноќи во преведување на двајца автори, еден од Македонија, другиот од Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Немаше ни нови слики кои би го охрабриле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Доцна есен, сѐ беше фантастично обоено. Како слика која би ја замислил Пикасо.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)