слобода (имн.) - или (сврз.)

Судот, на барање од заинтересираното лице, ќе нареди да се преземат соодветни мерки за спречување на настанувањето на штета или вознемирување, или да се отстрани изворот на опасноста – на трошок на држателот на изворот на опасноста, ако тој самиот не го стори тоа (чл. 143, ст.1- 2 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Добра среќа и успех. Слобода или смрт.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слобода или смрт; Во смрт за слобода на Македонија! ; Викајте браќа на востание! ; Време е аскерот да го истераме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дека ја сака власта затоа што луѓето од масите се немоќни, плашливи суштества, кои не можат да ја поднесат слободата или да се соочат со вистината, и дека затоа мора да бидат управувани и систематски мамени од други, посилни од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За претрпени физички болки, за претрпени душевни болки поради намалување на животната активност, нагрденост, повреда на угледот, честа, слободата или правата на личноста, смрт на блиско лице, како и за страв – судот, ако најде дека околностите на случајот, а особено јачината на болките и стравот и нивното траење го оправдува тоа, ќе досуди справедлив паричен надомест, независно од надоместот на материјалната штета, како и во неј- зиното отсуство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)