слог (имн.) - или (сврз.)

Фонетските сегменти, фонетскиот збор, слог или одделен звук станува сигнатум на графичките знаци во системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, во фонографските системи, писмото веќе корелира со говорот и како план на содржина во овие системи настапува фонетската страна на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во ваквите системи, поимите не ја играат улогата на сигнатуми на знаците на писмото, туку таа улога ја преземаат конкретни зборови со конкретна фонетска вредност или дури и јазички единици од пониско ниво, какви што се одделните слогови и/или звуци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Симпатизерите на хиперлитературата разликуваат три клучни настани во развојот на писменоста: пронаоѓањето на писмото, пронаоѓањето на печатарскиот слог или на Гутемберговата галаксија која е при својот крај, и хипертекстот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во случајот со фонографските системи на писмо, познавањето на системот на писмо претпо­ставува претходно познавање на врската меѓу знакот на писмото и конкретниот збор или фонетски сегмент од пониско ниво, слог или звук, во конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)