служба (имн.) - ќе (чест.)

Што ме гледате така глупаво. Не читате весници, господине, весници, а ако сакате да останете кај мене во служба ќе морате да бидете подобро информирани.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога службата ќе заврши, Иван Иванович никако не може да се додржи, да не ги помине сите сиромашни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да знаат селаните кога службата ќе почне, Петре го удри клепалото, и од сите најнапред се довлечка бабата Манџичица, Милошка, дедот Пило и некои други стари жени, и службата можеше да почне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Штом влезе во неа, штом се поклони на сите четири страни, Иван Иванович обично се сместува на крилосот и многу добро потпевнува со бас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во мигот кога со болницата, или поточно со социјалните служби ќе го ставиш потписот, твоето веќе не е твое.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)