случај (имн.) - бев (гл.)

Со новата тужба тој бараше, а подоцна со Пресудата (донесена од судијата Ѓ. Радојков) и доби надомест на претрпена штета [reparatio damni] поради незаконит престанок на работниот однос во вкупен износ од 286.121 МКД (4.690 ЕУР) и тоа: а) 275.811 по основ на неисплатена плата која би му следувала доколку одел на работа; и б) 10.309 по основ на пораст на животните трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ова, следуваше и законска затезна [по ново „казнена“] камата6 – која во конкретниов случај беше пресметана на не така занемарлив износ од 46.873 МКД (770 EUR) – со што целата сума, 113 по сите основи, која на крајот ја доби Марковски изнесуваше 344.635 МКД ( 5.650 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инаку, Џони беше ситно дилерче на трава што работеше за маалските џандари, но во случајов беше само ебана жртва во акцијата на полицијата. Колатерална штета, јеби га.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во секој случај тоа е дело на андерграундот кој во случајов беше диригиран и организиран во овој проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во оваа категорија, другарот Чапаев го ставаше и Татко, макар што неговиот случај беше специјален и атипичен, во однос на другите именувања во Судот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Често, тие неколку лажички така се зафрлуваа што тој немаше со што да си направи кафе, и,во таквите случаи беше готов да направи скандал со што, всушност, си го оттргнуваше вниманието од она на што требаше да го сосредоточи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Овој незначителен случај беше брзо и лесно заборавен поради новогодишните расположенија во кои владее потрошувачкиот менталитет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од ова, а и од неговото обмислено и рамнодушно однесување, кое стана дел од неговиот карактер, не можеше да се види дали случајот беше сериозен или поинаков.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Последново дело во случајов беше единственото директно поврзано со “Etant donn�s...” кое беше изложено за време на животот на Дишан (беше прикажано без никаков коментар во галеријата Тејт на ретроспективната изложба од 1966 ).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак делото беше адекватно репрезентирано со голем број подготвителни работи (вклучувајќи ги претходно споменатите цртежи), како и со еден прекрасен колаж на фотографии од ФМА (позајмена на подолго време од Мадам Дишан) и тродимензионална рељефна студија изработена во кожен пергамент од Moderna Musset.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Вознемирен за нештата околу себе, за себе мислеше дека е во незавидна фрустрирана состојба, бидејќи се чувствуваше, на меѓата помеѓу возвишениот врв на успехот и понижувачката ништожност на пропаста, само што во овој случај беа наопаку поставени.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа е така, но не треба да се заборава оти организаторите на движењето во повеќето случаи беа чиновници егзархиски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Она што се чини неспоиво, во неговиот случај беше најприродно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа со социјалниот работник ги средуваше документите кои во ваквите случаи беа малку посложени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А покрај тоа, во овој случај бевме принудени да дејствуваме бесшумно.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Случајот беше прогласен за затворен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако ја потроши и втората кутија цигари, Марија остана без чкорчиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Следната мисија што ја почнав пред некој месец, е во тек на расправа. Случајот беше тежок заплет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Всушност, не знаев точно што во овој случај беше пораз а што победа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вториот случај беше нешто од поопшт карактер и сета таа работа не се заврши само со внатрешни, домски мерки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Првиот случај беше со гаќичките. Имаше другарка Оливера Срезовска едни црвени, крос- гаќички.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Едно прашање, во секој случај беше одговорено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таквите несреќни случаи беа чести во Одделот за проза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон немаше никаква врска со организирањето на лотаријата, со која управуваше Министерството за изобилство, но беше свесен ( како впрочем и секој друг во Партијата ) дека премиите во најголем број случаи беа непостоечки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеше дури ни да се повлече, изговарајќи се дека дошол да го позајми Речникот, зашто во таков случај беше неможно да се објасни присуството на Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа мора да беше во 1973, во секој случај беше приближно во времето кога тој и Кетрин се разделија но датумот што беше навистина, беше важен седум или осум години постар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, нејзиниот случај беше посебен. Најтежок... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мене читањето на Ла Рошфуко и Монтењ секогаш ми е како здив од свеж воздух; дали и со Вас е така?  Зошто неодамна ја напуштивте вашата клиника во Лондон?  Во секој случај бев истрошен и преморен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сакав да се одморам по отприлика триесет години занимавање со сето тоа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во случајов бев убеден дека натрапникот од предмалку никогаш се нема соочено со проблеми слични на моиве.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А заедничкото и во двата случаи беше потребата за одмазда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми се чини исто така дека никогаш ги нема допрено со помислата страдањата на несреќниците што нè пресретнуваат речиси на секој чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)