случај (имн.) - нема (гл.)

Во најголемиот број случаи немаше судење, немаше извештаи за апсењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Преведувајте го „Кворум”, на пример.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во секој случај немаме друго освен да бидеме апсолутни хибриди. Сите заедно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сметам дека доколку е така, на повидок е една напнатост помеѓу она што тој го има на ум и неговото сопствено инсистирање (коректно, како што многумина би се согласиле), врз барањето за јавни ограничувања во поглед на значењето, нешто кое е потребно заради успешна комункација и е поткрепено од аргументи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Би можел да сугерирам, иако за тоа во овој случај нема да расправам, дека помеѓу овие ограничувања би можеле да бидат и следниве: доколку нешто е јазик, тогаш тоа е такво што некој лингвист-туѓинец би требало да може да ја реконструира неговата граматика врз основа на набqудувањето на праксата на неговите корисници, а некој антрополог-туѓинец би требало да може од истите практики да го реконструира јадрото на нивните световни верувања.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А и разгаленката Ели, во никој случај нема да сака да се оддели од тоа топло местенце во скутот на мама, што и мене толку добро ми е познато, и за кое дури по малку ѝ завидував на Ели.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Таков случај нема веќе никогаш да ни се даде“ - со болка во душата повторувал К. Кирков82.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И у овој случај нема сакам–нејќам.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не сакав да верувам на муабетите што се вртеа у Скопје зашто у тој случај немаше никад да дојдам.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Овие разговори се совпаднале и со упатената порака од британскиот премиер Винстон Черчил до претседателот на Владата, Драгиша Цветковиќ, во која се нагласувало дека Черчил е уверен во конечниот пораз на силите на Оската, а исто така дека и распаѓањето на Кралството Југославија ќе биде неминовно доколку тоа тргне по патот на Романија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во разговорите што ги водел со највисоките југословенски политички личности и со намесникот, кнезот Павле Караѓорѓевиќ, Донован бил многу јасен кога истакнал дека Кралството Југославија не ќе може да се надева и да смета на помошта на западните држави ако пристапи кон Тројниот пакт и во таков случај нема да го преживее крајот на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но едно нешто е сигурно: ако нашата пракса со електронските мемории (овие сé уште примитивни симулации на нашата церебрална функција) нé принудува да се откажеме од нашата идеологија во поглед на идентитетот тогаш нашата позиција на негативна ентропија (нашата ег-зистенција) во никој случај нема да биде “десакрализирана”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во сегашниов случај немам никакво сочувство ниту жал, за оној што паѓа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)