смирување (имн.) - и (сврз.)

Јасно му беше дека шансите за смирување и прифаќање на нивната љубов од страна на нејзината фамилија се минимални, односно невозможни, но, не можеше туку-така да се откаже, да се помири со фактот дека е крај на сѐ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И токму затоа што не го разбира можеби во него се крие таа таинствена невидлива и сеопфатна моќ, сила која вдахнува, влева вера и доверба, окуражува, исполнува со смирување и остава надеж....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Си ги намачка лицето и косата со лимонската тоалетна вода која, обично, ја употребуваше за смирување и за освежување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)