смисла (имн.) - уметност (имн.)

Податочната ракавица (data glove), која што овозможува влез и во уметничко кодираните виртуелни светови (во смисла уметност на виртуелните машини), е главен интерфејс во технологијата на виртуелната вистинитост, таа нагласено го аплицира допирот дури и при trip-от по паралелните светови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во таа смисла уметноста која би се развивала во сајбер просторот, то ест во виртуелната реалност, би се соочила со истите оние проблеми со кои се соочуваше и уметноста на пештерскиот човек и уметноста на сите генерации по него заклучно со нашата генерација, а тоа е идејниот контекст, стилскиот и амбиентален дизајн, референцијалната потенција, интерактивната стратегија итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Токму од во овој текст споменатите уметнички дела, втемелени врз технологијата на виртуелните машини, доаѓа чекорот нанапред во новата проценка на допирот и со тоа доаѓа до вистинска субверзија на полето на естетиката, којашто досега ги форсираше како сетила- okno.mk | Margina #15-16 [1995] 45 теоретичари само видот и слухот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)