снага (имн.) - во (предл.)

Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Момата незапирно кршеше снага во маѓепсната игра.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И десет дена се раскинува снагата во безумен напор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чана ја седна својата голема и стројна снага во брлогот под недобро затнатиот прозорец и од долната страна на разапнатата куверта влегува чиста бела светлина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По тоа што ги имаше искинато чорапите, а и според излижаното во штиците, од една страна, а и според тоа што не стана свесна дека некој ја откорна вратата, заклучија дека со денови и ноќи можеби таа нема положено снага во креветот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сигурно сонувам, си помисли бабата Петра обидувајќи се да ја заврти својата голема снага во друга положба и при тоа ја поткрева главата сакајќи да се увери дека сите се околу неа, особено внучињата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Добро е што ништо не е симнато од нивниот вагон, ама кога во еден замав ја качува својата снага во отворот на вратата, открива дека речиси сите се будни, облечени, прибрани.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И еден чудесен пат среде небото им го мами насмевот на малите голтари оние што си ја мерат снагата во тревата О тие идни господари на светот и не слутат дека по патот на нивната возбуда одамна поминал Икар.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)