снага (имн.) - и (сврз.)

Замислувавме, разговарајќи за неа толку често, дека еден ден ќе ни се врати со рогови, веќе станата елен третјак како што ги викавме елените кога ќе дојдеа со полна снага и ќе имаа најмалку по три чатали на роговите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Зашто сечејќи ја неа се преполовив себеси во труп претворајќи ја својата снага и рака.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се поболе и таа од една чудна и непозната болест, што ѝ ја исуши прекрасната снага и лицето нацртано.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— Некој нов живот натежнал во тебе, вели, и ти ја раширил снагата и образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Милка ја крена главата нагоре, се сретна со благиот насмев на нејзиното лице (нешто сосема друго наспроти нејзината снага и глас)
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Застани - викав колку што ме држеше гласот додека трчев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Превезот на темнината бавно и еднолично се лулееше на нејзината снага и само еднаш или двапати ѝ ги подоткри малите боси стапала по кои како да се беше нафатил румениот прав на залезот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чана, уште пред да чуе каде нашла Пелагија одајка, светнувајќи со лицето како месечина, продолжува Ми д знјш мори сестро коуку ми е мило, тука не са устанува диљми нови Игејци ки дојдат, ет и ниа су Митра и Дончито ки ојме у тиа катоите на ступанството, така ми риче то бригадирут ама нејќак да бегме и да те уставиме сама, е се и на мен ми улисна на душта, тка д знјш! и тука, на ова место, Пелагија се приближува до неа, ја преграбува нејзината едра снага и стискајќи си ја својата глава во нејзината, во Чанината, проговорува со тивок глас Ох, пуста мори сестро, зошто досега да не си заминете?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја изгаси ламбата во собата, го отфрли чаршафот од снагата и го одвитка турбанот од главата, па ја навлече преку глава летната ношница; но и при слабата надворешна светлина Боге ѝ ги наѕре како низ пајажина познатите, а сепак пожелни облини.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Симболите што требаше да се создадат мораа да имаат таква степен на доживувачка снага за да поттикнат заедништво и со тоа да создадат плебисцитарен карактер: „Потоа одиме на тоа, создавајќи митови, националната свест да ја претвориме во снага и волја.“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ме фаќа страв, ми татара снагата и колениците, црмнуваат струи низ дамарите и не ме стигнува прашањето што го насетувам: Зошто сме олку сами!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По нив загната сурија со стапови и деца и војници, нит деца нит војници, викаат, се ѕверат најѕверно, ги саскаат кучињата отпаднати од редот за пцукање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Работеше бавно, зашто снагата и годините не му позволуваа да работи побрзо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За време на една седница на тој собир, тој се појави, енергичен и речит, полн со снага и неуморен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Главата му беше изобличена, како коската на челото прекумерно да пораснала заканувајќи се да ја пробие кожата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес крај кого седев во Женева, три години подоцна, беше сенка на оној другиот, вистинска руина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не стануваше збор толку за разорното дејство на времето, колку за напад на болест, како неговиот ум да продолжил да расте додека телото пропаѓа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)