снег (имн.) - сѐ (прил.)

Снегот сѐ уште фрфулкаше, но тоа сега воопшто не беше оној густ врнеж.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првите денови, додека снегот сѐ уште, иако со тешкотија, можеше да се гази, понекое говедо, особено црниот, силен јунец, го растуркуваше снегот со убавите рогови и излегуваше од пртината што ја беше пробил Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)